По повод денот на пролетта, 21-ви март, Советот на родители при градинката Лихнида и ЈОУДГ Јасна Ристеска во соработка со Ротаракт клуб Охрид, организираат акција за чистење и уредување на дворот на градинката Лихнида.

За таа цел младите на Ротари клуб обезбедија  60 различни растенија (20 трендафили и 40 цвеќиња), кои ќе бидат засадени во кругот на градинката, додека Советот на родители и тимот на воспитувачки и негувателки заедно со децата од сите групи ќе се ангажираат во уредувањето и чистењето на дворот на градинката.

OhridNews