
-Во периодот од 23 до два часот, петнаесеттина родители кои доброволно се пријавија, заедно со преставници на локалната самоуправа, центарот за социјални работи, преставници од училишните одбори и од советот на родители од образовните центри во Охрид и полицијата, направија обиколка во повеќе угостителски објекти во централното подрачје но и на периферијата од градот. Тие имаа можност да го видат амбиентот каде нивните деца излегуваат и кои се проблемите кои можат да се случат во текот на ноќните забави. – информира СВР Охрид.
Полициските службеници легитимирале повеќе гости во угостителските објекти и предупредени биле неколку малолетни лица околу законските обврски кои мора да се почитуваат, а легитимирани биле и неколку други лица по други основи.
OhridNews











