Родителите треба да преземат поголема одговорност за однесувањето на матурантите, со цел да се намалат инцидентите за време на одбележување на матурата кои најчесто се последица на консумирање алкохол, беше истакнато на состанокот на  советодавната група граѓани, која е  дел од проектот ,,Среќни и безбедни матурски вечери”. 


На состанокот што го иницира СВР Охрид беше истакнато дека е потребна поширока општествена акција за да се намалат инцидентите на прославата на матурските вечери. За таа цел помеѓу полуматурантите и матураните ќе бидат поделени флаери со корисни совети, а на повеќе локации во градот ќе бидат поставени плакати со едукативна содржина.

OhridNews