Тужените родители сметаат дека не го кршат законот, туку дека тоа го прави државата, затоа што не дозволува нивните деца да учат на мајчим јазик. Поради тоа тие бараат разрешување на директорот и Училишниот одбор, и легализација на паралелките на албански јазик во Подгорци.
– Министерот Тодоров во најкраток можен рок, до крајот на идната недела да се произнесе со позитивно мислење и реализирање на нашите барања за воведување настава на мајчин албански јазик во основното училкиште во с. Подгорци, бидејќи тоа е наше уставно и национално право, изјави Фадил Реџоски во име на тужените родители.
Судскиот процес против родителите на 11-те основци од Подгорци е одложен за 29 март, а адвокатите на одбраната се убедени дека тој ќе заврши во нивна полза, затоа што обвинението е нејасно и неиздржано.
– Се надевам судот ќе одлучи во полза на родителите затоа што ниту еден доказ не постои во поднесената пријава, а не е точен ниту наводот дека децата не посетуваат настава во училиштето, вели адвокатот Аргент Демири.
Одлука за формирање на спорните паралелки на албански јазик во Подгорци донесе Советот на Општина Струга, од каде тврдат дека таа е легитимна и законска, и дека за истата било запознаено Министарвото за образование, од кое очекуваат позитивно да се изјасни и да го разреши проблемот.
-Имаме три паралелки за албанки јазик и очекуваме дека и судот и министертвото ќе донесат права одлука, ќе дадат согласност бидејки се друго имаме и оваа работа да заврши тука да не се политизира, рече Џејми Хајредини.
Од Државниот просветен инспекторат се децидни дека одлуката за формирање на новите паралелки во основното училиште во Подгорци е незаконска, а наставата што ја посетуваат 11 ученици се одвива надвор од образовниот процес.