НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид ги одбележува родендените на родендените на авторите родени во декември. Во последниот месец од календарската година родени се Никола Јанев, Дејан Пановски, Ѓорѓи Тодороски и Милчо Јованоски.
И во време на пандемија, виртуелно, преку интернет потсетуваме на родендените на роднокрајните автори родени во декември. Нивното творештво грижливо се чува во роднокрајното одделение на библиотеката. Се работи за белетристика и новинарско – публицистички дела и монографии во кои доминира животот во Охрид и охриѓани, велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.
OhridNews












