НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид продолжува со виртуелното одбележување на родендените на роднокрајните автори.

Во февруари родени се: Борис Бојаџиски, Владимир Попоски,  Панде Шикаловски Чкалов, Трајан Мартиноски, Ристо Јованоски и Кристина Алоска.

Нивните дела грижливо се зачувани во Роднокрајното одделение во Библиотеката и во одделот за издавање и зачленетите читатели во секој миг можат да ги зајмат, велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“. 

OhridNews