Над 30 уметнички дела изработени во различни сликарски техники и неколку скулптури, беа дел од Изложбата на роднокрајните уметници, која што се одржа вчера, во чест на празникот Свети Климент Охридски, патронот на Охрид.

Изложбата која беше поставена во Галеријата на Центарот за Култура “Григор Прличев” имаше за цел на едно место да ги собере сите охридски уметници и да ја промовира нивната уметничка дејност.

OhridNews