Струшкото село Мислешево – родното место на победникот на првото регионално музичко шоу „X Factor“, подготвува голем пречек за Даниел Кајмакоски. Според најавите, тој утре ќе престојува во Мислешево. По тој повод подготвена е пригодна програма, а обожавателите ќе имаат можност да се дружат со Даниел.

Мислешевци се посебно горди на Даниел, а особено се благодарни на неговиот татко кој, како што кажуваат тие, ја напишал и ја отпеал „химната“ на нивното село.

Инаку Даниел Кајмакоски најголем дел од својот живот поминал во Виена, а по победата на „X Factor“ реши да живее во Белград Србија, затоа што, како што изјави, тој му доаѓа некако на средина помеѓу Австрија и Македонија, две земји кои многу ги сака.

OhridNews