Охридските кафулиња, ноќни клубови и ресторани ги подготвија мениата и програмата за дочекот на новата година. Гости се чекаат од Србија, Бугарија, но и од останатите градови од земјава.

За оние кои ќе се одлучат најлудата ноќ да ја поминат во еден од ноќните клубови или кафулиња цените се движат од 900 до 1500 денари.

Во кафе бар Кастело, за забавата ќе се погрижи битолскиот етно состав „Деспина“. Цената за дочекот изнесува 1. 500 денари, износ во кој е вклучено комплетно мени и три пијалоци.

Во кафе- барот Куба Либре цената на дочекот изнесува  900 денари, во кои се вклучени три пијалоци, грицки и овошје. На 1- ви јануари, посетителите ќе ги забавува рок составот „Шајн“. Во ноќниот клуб „Хавана“ цената е од 1.200 до 1.500 денари, со вклучени три пијалоци, грицки и овошје.

Прославата во кафе барот „Ликвид“ ќе ве чини 1.500 денари, а во цената се опфатени три до пет пијалоци и ладна закуска.

Од кафе барот „Објектив“ информираат дека очекуваат потврда за настап на познат македонски рок состав, по што ќе биде формирана цената за дочекот на новата година.

Во дискотеката Парк влезницата на 31- ви декември и три пијалоци чини 1.000 денари.

Цената на дочекот на новата година во охридските ресторани се движи од 2.400 до 3.000 денари.

Во ресторанот „Далга“ комплетно мени и неограничен број пијалоци изнесува 3.000 денари. Исто толку изнесува дочекот во националниот ресторан „Чун“. На 1- ви јануари цената е 1.200 денари, без вклучен пијалок.

3.000 денари е менито и неограничен број пијалоци и во ресторанот „Света Софија“. Вечерта, на 1- ви јануари расположението, добрата храна и забава во овој ресторан чини 1.200 денари.

Прославата во ресторан „Пандонос“  на 31- ви декември изнесува 2.700 денари со неограничен број пијалоци, а првата вечер од новата година може да ја прославите за 1.200 денари.

Богато мени и забава со добра музика нуди и ресторанот „Белведере“. Дочекот на новата година изнесува 2.400 денари, додека пак на 1- ви јануари цената на менито е 1.500 денари.

Цените за прославата на најлудата ноќ во охридските хотели се движи од 1.800 до 2.400 денари.

Тања Кувенџиска