Денеска истекува рокот до кога граѓаните кои остваруваат дополнителни приходи треба да достават даночна пријава во Управата за јавни приходи.

Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните кои сеуште не ја исполниле законската обврска за поднесување на годишна даночна пријава УЈП го продолжи работното време до 20 часот.

До сега 125.000 граѓани доставиле даночни пријави, но се очекува тој број да се зголеми затоа што последните денови до УЈП пристигнувале дневно и до 25.000 пријави.

OhridNews