Правните лица до денеска може да поднесат завршна сметка во Централниот регистар на Република Македонија, додека рокот за самостојните вршители на дејност е до 15 март. Завршната сметка мое да се поднесе во хартиена и електронска форма.

-За субјектите кои водат сметководство согласно Законот за трговски друштва рокот за поднесување на годишните сметки и финансиските извештаи во електронска форма е до 15.03.2018 година, а големите и средни трговци се должни да ја достават годишната сметка до Централниот регистар само во електронска форма, соопши Централниот регистар.