Карлос Алкараз (2) го освои Грен слем турнирот Ролан Гарос откако во драматично финале попладнево во Париз што траеше пет и пол часа, го совлада светскиот рекет бр.1 Јаник Синер, по пресврт со 3:2 (4:6, 6:7, 6:4, 7:6, 7:6).

Синер одлично го отвори мечот, поведе со 2:0 и имаше сигурна игра. Алкараз во третиот сет демонстрираше голема решителност и се врати во игра намалувајќи на 2:1. Драмата почна во четвртиот сет во кој Синер направи брејк и сервираше за победа. Алкараз спаси три меч топки, направи рибрејк и го одведе сетот во тајбрејк кој го доби за израмнување 2:2.

Во петтиот сет Алкараз отвори со брејк уште на првиот сервис гем на Синер. Италијанецот не се предаваше и во десеттиот гем успеа да го врати брејкот. Голема битка се водеше во 11 и 12 гем, но сепак одлуката падна во тајбрејкот во кој Алкараз целосно издоминира за петта грен слем титула во кариерата, втора во Париз една по друга.

Во женска конкуренција триумфираше американката Коко Гаф која во финалето ја совлада белорускињата Арина Сабаленка со 2:1.

Г.М.