Францускиот грен слем турнир „Ролан Гарос“ ќе добие нов шампион, откако актуелниот Рафаел Надал претрпе пораз од Новак Ѓоковиќ во полуфиналето. Србинот славеше со 3-1 во сетови (3-6, 6-3, 7-6, 6-2).

Ривал на Ѓоковиќ во финалниот натпревар Ролан Гарос ќе му биде Стефанос Циципас, кој во првото полуфинале со 3-2 во сетови го совлада Александар Ѕверев,

Српскиот тенисер иако не го започна мечот најдобро и имаше негатива 1-0 во сетови, уште еднаш покажа дека е најдобар кога е најтешко. За многу кратко време се консолидираше изедначи на 1-1 и се врати во игра. Квалитетот и менталната стабилност што го краси Ѓоковиќ излезе на виделина во третиот сет, кога се водеше жестока битка. Во тај брејк Ѓоковиќ го освои третиот сет и поведе со 2-1. Ветарот во грб си го направи своето, а Надал неможеше да го задржи налетот и после четири сетови мораше да му пружи рака на ривалот.

Финалето во машката конкуренција се игра в недела, а финалето во женска конкуренција на програмата е в сабота.

OhridNews