Екипата на Болоња забележа голема победа во првиот натпревар од 23-та рунда во Серија А совладувајќи ја Рома со 3-2 (2-1) на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Гостинскиот состав комплетно ја заслужи победата и освојување на целиот плен, бидејќи одигра добро и квалитетно во сите 90 минути. Рома не наликува на себе и трет натпревар во серија нема триумф во „Калчо“ лигата.

Тандемот Орсолини-Баро беше нерешлива енигма за „волчицата“. Орсилини го отвори резултатот, а Рома изедначи. Тогаш на сцера стапи Баро кој стрелаше за 1-2 и 1-3. Во финишот Михтаријан намали на 3-2, а во меѓувреме Рома остана со фудбалер помалку после црвениот картон на Кристанте. До крајот резултатот не се промени и остана во корист на гостите 2-3.

Болоња со 33 бодови котира во горниот дел од табелата, додека Рома ја испушти пол позицијата која ја имаше во трката со Аталанта за позицијата број 4 во Серија А.

OhridNews