Сопствениците на фудбалскиот клуб Рома на фантастичен начин ќе му се заблагодарат на Франческо Тоти. Стадионот, кој треба да биде готов до 2016 година ќе го носи неговото име.


Капитенот и принцот на Рим, Тоти сезонава наполни 20 години од дебито за римската “волчица“ и стана икона на фудбалот во Италија.

Моментално Тоти со 230 погодоци е втор стрелец на водечката листа веднаш зад Силвио Пиола, која има 274 погодоци.

Мх.П.