Без голови и без победник заврши мечот меѓу Рома и Каљари, кој беше последен од 13-та рунда од најсилната италијанска лига.


По одличниот старт кога „џалоросите“ имаа серија од десет победи, сега веќе три натпревари во низа незнаат за победа играјќи три пати нерешено со екипи кои доаѓаат од долниот дел на табелата.

Со третото реми во серија фудбалерите на Рома го загубија врвот во „Калчо лигата“ и им го препуштија на актуелниот првак, Јувентус.

Мх.П.