Капитенот на Милан, Алесио Ромањоли, синоќа на „Сан Сиро“, му ја украде славата на Илија Несторовски. Милан, со гол од пенал во 97.минута, се спасија од пораз во дуелот со Удинезе.

Еден од најзаслужните за бодот, кој сепак не им значи многу на Милан, во трката со Милан, беше Ромањоли, кој при водство на Удинезе, со неверојатна реакција го спречи Несторовски да постигне гол.

Македонскиот репрезентативец, по центаршутот на Роберто Перевра, топката ја упати кон голот на Милан, но на гол-линијата интервенираше Ромањоли.

OhridNews