Групацијата „Фридкин“ станува нов сопственик на Рома, објави италијанскиот клуб на својата официјална веб-страница.

Претставниците на американската компанија се согласија со сопственикот на клубот, Џејмс Палотa, за аквизицијата и веќе потпишаа прелиминарен договор. Договорот се очекува да биде официјално затворен до 31 август.

Според италијанските медиуми, договорот треба да изнесува околу 600 милиони евра. Бизнисменот Дан Фридкин преговараше за купување на римскиот клуб неколку месеци, но реализацијата мораше да биде одложена поради пандемијата на коронавирус.

OhridNews