Во дерби средбата со Наполи лидерот во „Калчо лигата“, Рома триумфираше 2-0, но неодредено време ги загуби капитенот Франческот Тоти и Жервињо.
– Пресреќен сум за победата, но во исто време и тажн сум за повредите кои ги заработија Тоти и Жервињо. Тие имат проблем со мускулите и дополнителните тестови ќе покажат колку се сериозни нивните повреди – рече тренерот на „џалорисите“, Руди Гарсија.
Сезонава „волчицата“ е во неверојатна серија и има осум победи во осум одиграни натпревари во Серија А.
Мх.П.