Една од младите супер ѕвезди во Серија А, Николo Заниоло го продолжи договор со Рома и се обврза на верност најмалку до 2024 година.

Репрезентативецот на „азурите“ на Олимпико се пресели пред почетокот на минатата сезона како дел од трансферот на Раџа Наинголан. Заниоло остави силе впечаток, а „волчицата“ по само една сезона одлучи да му додели нов и побогат договор.

Пред година дена лесно беше да се избере Рома а денес е уште полесно. Минатата сезона се заљубив во екипата и во градот ви воопшто не ми претставуваше проблем продолжувањето на договорот. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот кои ми дадао прилика и веруваа во мене. – изјави Заниоло

Според новиот договор Заниоло ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона а минатата година инкасираше 700 000 евра. Покрај Заниоло договорот го продолжи и Ченгиз Унгер, кој стави потпис на договор од времетрање на четири години.

OhridNews