Селекцијата на Романија е противник на македонската ракометна репрезентација во бараж двомечот за пласман на Светското првенство во Данска и Германија.

„Црвено жолтите“ до сега имаат учествувано на четири Мундијали од кои три во серија, а против романската селекција ќе се борат за јубилејниот петти настап на светските собири.

Македонија поради улогата на носител првиот меч ќе го игра на гостински терен, а реваншот пред своите гледачи во Скопје.

Поинтересни бараж пресметки се средбите помеѓу Чешка – Русија, Хрватска – Црна Гора и Словенија – Унгарија.

Двојки:

Србија – Португалија

Литванија – Исланд

Чешка – Русија

Словенија – Унгарија

Белорусија – Австрија

Македонија – Романија

Холандија – Шведска/Шпанија

Норвешка – БиХ/Швајцарија

Хрватска – Црна Гора

OhridNews