Бундеслигашот Лајпциг е во преговори во јануарскиот преоден рок да го ангажира фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас, објави новинарот и добар познавач на италијанскиот фудбал, Фабрицио Романо.

Според, Романо Лајпциг е во сериозни преговори со Наполи за потенцијален потпис на 24-годишниот македонски репрезентативец и веќе има понуда од Лајпциг тешка 25 милиони евра.

Исто така, се посочува дека Елмас е отворен за напуштање на „Марадона“ и дека е подготвен за нов предизвик следната година, откако не успеа во Наполи да си обезбеди место во стартниот состав.

Елмас во тековната сезона има 11 настапи во Серија А, постигнувајќи два гола, но одигра само 334 минути првотимски фудбал во лигата и лесно е да се види зошто би сакал промена на клубовите.

OhridNews