Sky Corner

Од 14.02.2020 - 22:00 до 15.02.2020 - 01:00

Од креативната работилница на инвентивниот тим на хотел – ресторанот „Скај Корнер“ доаѓа извонредна понуда за Денот на љубовта и виното.

Вечерта на 14 февруари, подгответе се за вистинско уживање за сите сетила со специјалната романтична понуда на „Скај Корнер“. Шише од специјалното вино Темјаника на винаријата „Наумчеви“ ќе чини само 690 ден, а италијанското пиво „Перони“ 80 ден, додека целото мени за храна ќе биде на попуст од 10 %! За уживањето да биде комплетно ќе се погрижи групата „Евергрин“.

Го славите „Св. Трифун или Валентин, сеедно, љубители сте на виното или романтичари, не пропуштајте ја вечерта за уживање на 14 февруари во „Скај Корнер“.

Почеток 22 часот.

OhridNews