Хрватска, Португалија, Франција и Грција се последните патници од Европа на мундијалот во Бразил следната година.

„Триколорите“ на „Стед де Франс“ успеаја да ја анулираат предноста на Украина 2-0 стекната од првиот натпревар победувајќи со 3-0.
Хрватска пред своите гледачи конечно го покажа вистинско лице и триумфираше со 2-0 против Исланд што значеше пласман на СП додека домашниот триумф на Грција против Романија се покажа како клучен за нов светски предизвик на Европскиот првак од 2004 година.
Мх.П.










