Бразилскиот ас Роналдињо ќе ја продолжи кариерата во бразилскиот Фламенго. Роналдињо останува “росонер“ но само по клупските бои кои ќе ги носи во наредните три и пол години за годишна плата од 10,8 милиони долари.


Италијанскиот Милан ќе добие три милиони евра обесштетување, а Роналдињо треба да се појави во тренинг-кампот на Фламенго следната недела. Дебито во дресот на новиот тим се очекува да го има следниот месец.

Ohridnews