Бразилскиот фудбалски ас Роналдињо го напушти кампот на Милан во Дубаи и заминал за Бразил каде деновиве треба да ги договори личните услови за премин во неговиот матичен клуб Гремио.


Некогаш најдобриот фудбалер на планетата со дозвола на челните луѓе на Милан во друштво со неговиот брат и менаџер Роберто де Асис се враќаат во Бразил за да ги проверат понудите и од другите бразилски клубови Палмеираш и Фламенго.

– Не ја затвараме вратата во Милан, одиме во Бразил да разговараме со сите заинтересирани страни, ако не постигнеме договор Роналдињо ќе се врати кај “росонерите“ да го доработи својот договор – вели за италијанските медиуми Де Асис.

Роналдињо во Милан дојде од Барселона во 2008 г., немаше многу среќа кај италијанските тренери, не беше стадндарден кај Карло Анчелоти, а ниту пак годинава под водство Масимилиано Алегри не добиваше многу прилики. Единствено Леонардо успеа да го разбуди “волшебникот“ но и тоа траеше многу кратко.

Неговото место во клубот беше и дополнително загрозено со доаѓањето на Антонио Касано од Сампдорија.

Ohridnews