Некогашниот фудбалер на Барселона, Милан и ПСЖ, Роналдињо Гаучо е избран за најдобар фудбалер во Јужна Америка. Во изборот учествуваат само фудбалери кои се натпреваруваат во земјите од тој континент.

Роналдињо е слободен играч по завршувањето на договорот со Атлетико Миниеро и лесно може да се случи тој повторно да се врати во Европа.
Мх.П.










