Водечката екипа на табелата во Серија А, Јувентус обезбеди солидна предност од четири бодови во однос на второпласираниот Интер после одигрувањето на мечевите од 20-та рунда. Составот на Јувентус на домашен терен славеше против Парма со минимални 2-1, додека Интер испушти два бодови ремизирајќи со Лече 1-1.

Творец на победата на Јувентус беше Кристијано Роналдо. Португалецот ги постигна два погодоци. Роналдо првиот погодок го постигна во 43-та минута за водство од 1-0, а вториот во 58-та минута за ново водство 2-1 и конечна победа. Помеѓу головите на Роналдо за гостите стрелаше Андреас Корнелиус.

Резултати:

Милан – Удинезе 3-2

Болоња – Верона 1-1

Бреша – Каљари 2-2

Лече – Интер 1-1

Џенова – Рома 1-3

Јувентус – Парма

Табела: Јувентус 51, Инер 47, Лацио 45, Рома 38, Аталанта 35…

OhridNews