Селекцијата на Португалија доминира во европскиот репрезентативе фудбал, откако на титулата од Европското првенство во Франција пред две години го додаде трофејот од првото издание на Лигата на Нации. „Селесао“ триумфираше на завршниот турнир кој се одигра во Португалија.

Португалците предводени од Кристијано Роналдо во 1/2 финалето ја совладаа Швајцарија со 3-1, додека во големото финале подобри беа од холанѓаните со минимални 1-0.

  • Не постои поголема чест за нас да се освои трофеј пред нашите симпатизери. Ние фудбалерите со нивна помош се боревме и успеавме да заокружиме успешна приказна со титула. Зата овој трофеј им го посветувам на навивачите кои не бодреа и веруваа во нас. – изјави Роналдо.

Најдобриот играч во селекцијата смета дека Португалија има светла иднина и голем потенцијал за нови успеси.

  • Со мене или без мене Португалија ќе продолжи да игра добар фудбал. Имаме млади фудбалери кои се талентирани и знаат што да треба да работат. Јас сум сеуште дел од овој проект и можам уште многу да дадам за репрезентацијата. – истакна Роналдо.

OhridNews

Португалија историски победник во Лигата на Нации (видео)