Португалскиот интернационалец во дресот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо со двата погодоци против Гранада стигна до бројката 150 во тимот на “кралевите“ но не ги славеше бидејќи не бил среќен.


– Од клубот знаат зошто сум ваков. Тоа е причина зошто не ги славев погодоците. Не сакам да зборувам за наградата на Иниеста кој ја доби пред неколку дена за најдобар фудбалер во Европа. Морам да се сконцетрирам за настапите за својата земја – истакна Роналдо после мечот со Гранада.

Во четвртокот на церемонијата на УЕФА, фудбалерот на Барселона, Андрес Иниеста беше прогласен за најдобар фудбалер на Европа за мината сезона.

Мх.П.