Реал Мадрид со убедливи 5-1 го торпедираше тимот на Атлетик Билбао. Чуден е фактот дека “кралевите“ постигнаа пет погодоци, а најдобриот фудбалер Кристијано Роналдо не успеа да се запише во листата на стрелци.


Стрелци за “лос бланкос“ во победа беа Рамос, Пепе, Бензема, Озил и Артунеџе кој си ја затресе сопствената мрежа. Почесниот погодок за “баскијците“ дело беше на Гомез.

Резултати : Осасуна – Малага 0-0, Валенсија – Еспањол 2-1, Реал Мадрид – Атлетик Билбао 5-1, Барселона – Сарагоса 3-1.

Табела : Барселона 34, Атлетико Мадрид 28, Реал Мадрид 26, Малага 19, Реал Бетис 19. . .

Мх.П.