Најдобриот фудбалер во светот, Кристијано Роналдо ја потврди информацијата за приновата во својата фамилија.

Португалскиот репрезентативец од сурогат мајка доби два близнаци и вкупно има три дечиња. Претходно на сличен начин го доби Кристијано Роналдо Јуниор.

Роналдо кој е во врска со Георгина Родригез прв пат ќе ги види дечињата, бидејќи со Португалија учествуваше на Купот на Конфедерации во Русија.

OhridNews