Португалија со минимални 1-0 ја совлада Хрватска, а стрелец на победничкиот погодок за „селесеао“ беше Кристијано Роналдо во првиот дел.


За четвртата светска репрезентација поразот од “европските бразилци“ е втор во серија и тоа втор без постигнат погодок. Три дена претходно на „Максимир“ во квалификацискиот натпревар претрпеа пораз од Шкотска 1-0.


Поради „мини кризата“ која го зафати хрватскиот состав тие го загрозија првото место во групата кое води директно на мундијалот во Бразил 2014 година.

Португалија со Роналдо на чело покажува дека сеуште е моќна и силна репрезентација иако е во сенка на своите шпански соседи.

Мх.П.