Избраниците на Португалецот, Жозе Мурињо претрпеа пораз во првиот натпревар од Копа дел Реј од Селта Виго 2-1. Барселона со двата голови на Меси направи огромен чекор напред за пласман во наредната фаза додека Севиља со “петарда“ ја шокираше Мајорка на домашен терен.


По мирните 45 минути помеѓу Селта и Реал Мадрид стрелците се разбудија во вторите. Домаќините со головите на Бермејо и Бустос стигнаа до предност 2-0.  Кристијано Роналдо со гол во финишот на мечот го ублажи поразот и донесе активен резултат за “кралевите“ пред реваншот на Сантијаго Бернабе.

Резултати : Атлетик Билбао – Еибар 1-1, Кордоба – Барселона 0-2, Селта – Реал Мадрид 2-1, Атлетико Мадрид – Гетафе 3-0, Мајорка – Севиља 0-5.

Мх.П.