Кристијано Роналдо преку својот официјален „Твитер“ профил ги демантираше гласините дека го продолжил договорот со Реал Мадрид.


Претседателот на „кралскиот клуб“ Флорентино Перез најавуваше дека преговорите со Роналдо се во завршна фаза, но јавното демантирање на Португалецот ги загреа останатите екипи кои беа заинтересирани за неговите услоги.

Веднаш понуда до португалскиот интернационалец испрати Монако, а се „шушка“ дека деновите ќе стигне и од ПСЖ. Будно ситуацијата ја следат од Манчестер Јунајтед, кои во неколку наврати изјавија дека вратите на Роналдо на „Олд Трафорд“ секогаш ќе бидат отворени.

Мх.П.