Португалскиот ас Кристијано Роналдо секојдневно е топ тема во светските медиуми. Во поголем дел тој вниманието го привлекува со одличните игри, но овој пат Роналдо јавно изјави дека ќе ја бојкотира манифестацијата на ФИФА на која се прогласува најдобриот фудбалер.
Португалецот и првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер пред неполн месец имаа војна преку медиумите откако претседателот изјави дека Роналдо многу заостанува зад Лионел Меси, кој е четирикратен освојувач на „Златната Топка.
После изјавата на Блатер за Роналдо, португалскиот репрезентативец трите погодоци со Севиља на домашен терен му ги посвети на претседателот од ФИФА.
Мх.П.