Пред очите на “специјалниот“ Жозе Мурињо, Роналдо и селекцијата на Португалија претпреа пораз со 1-0 против Германија. Роналдо во краткиот разговор што го имал со Мурињо добил инструкции како да стигнат до наредната фаза.
–
Разговарав со Мурињо, и тој ми рече дека мора да веруваме во нашите квалитети во наредните два меча и да веруваме дека може да одиме понатаму – откри Роналдо.
– Дури и мојот соиграч од Реал, Озил ми рече дека дека имаме добар тим и оти сме ги намачиле за да не победат. Фрустрички беше, заслуживме најмалце реми, но се уште може да стигнеме до четвртфиналето. Во 2004 го загубивме воведниот меч, па стигнавме до финалето, мора да се присетиме на тоа. рече Роналдо.
Германскиот репрезентативец Месут Озил потврди дека ги охрабрил “европските бразилци“ – Навистина верувам дека Португалија може да стигне до наредната фаза.- вели Озил.
По поразот од Германија, во втората рунда Португлија ќе игра против Данска. Единствено победа ги остава во игра португалците.