Со третиот погодок на континеталниот собир Кристијано Роналдо ја покори дефанзивно ориентирената репрезентацијата на Чешка. Тоа што не му успеа со нога на Роналдо, го направи со глава во 79-та минута кога го постигна победничкиот погодок за “селесао“.

Игравме добро и креиравме многу прилики за погодок. Погодувањето на стативите не ни ја намали надежта за пласман во 1/2 финалето. На минатиот натпревар исто два пати ја погодував ститавата така беше и на мечот со Чешка, но важно што е победивме и продолживме во следната фаза. Кога ги видов насмевките на навивачите можам да изјавам дека ние сме веќе подготвени за следниот натпревар – во свој стил изјави Роналдо.

Португалија противникот за пласман во финалето ќе добие в сабота по мечот Шпанија – Франција.

Мх.П.