Голема прашина се крена за и по доделувањето на “златната топка“ која по четврти пат замина во рацете на Лионел Меси. Директен конкурент на Аргентинецот за наградата најдобар фудбалер му беше лутиот ривал од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и соиграчот Андрес Иниеста.

– Совеста ми е чиста, не сум фрустриран. Имав прекрасна година освоив Ла Лига и Купот во Шпанија, со репрезентацијата на Португалија на Европското првенство стигнавме до 1/2 финалето затоа 2012 година ја заокружувам како успешна – истакна Роналдо.

Иако е стандарден капитен на “селесао“ Роналдо на мечот кога се доделуваа гласовите за најдобар фудбалер беше повреден и на негово место гласеше Бруно Алвес.

Мх.П.