Голема прашина се крена околу незадоволството на Кристијано Роналдо во дресот на Реал Мадрид. На последниот меч за “кралевите“ пред репрезентативните обрски Роналдо не се радуваше на постигнатите погодоци и истакна дека од клубот знаат зошто.


По враќањето од репрезентацијата во клубот, Роналдо драстично го променил расположението но тоа се должи на новиот договор од 16 милиони евра годишно.

– Сакам само да потврдам дека независно од новиот договор, се враќам сконцентриран само на клубот со кој сакам да победам на секој натпревар. Сезонава наша цел е да ги освои сите трофеи каде се натпреваруваме и да им ги посветиме на навивачите – се обрати преку својот “Фејсбук“ профил Кристијано Роналдо.

Во наредната рунда од “Ла Лига“, Реал Мадрид предводен од “новиот“ Кристијано Роналдо гостуваа во Андолузија односно кај екипата на Севиља.

Мх.П.