Полемиката околу тоа кој е подобар Кристијано Роналдо или Лионел Меси доби нова димензија, откако португалскиот репрезентативец во најновото издание на документарецот за светскиот фудбал даде свое видување. Роналдо смета дека тој е подобар од Меси поради фактот дека својот квалитет го демонстрирал во две силни лиги. Поргугалецот со Манчестер Јунајтед триумфираше во Премиер лигата и ја освои титулата во Лигата на Шампиони а истиот успех го повтори во Реал Мадрид, додека Меси се уште не ја испробал среќата во друг клуб но со Барселона има освоено се што е можно.

Разликата е тоа што јас играм и играв во други клубови и други национални шампионати а тој остана во Барселона. Со претходните два клуба стигна до пет титули во ЛШ а Меси има четири со Барселона. Седум пати бев најдобар стрелец а од нив бев шест пати во низа. Затоа луѓето кога зборуваат за ЛШ мислат дека сум јас подобар. Сепак, тој поседува голем квалитет и не случајно заедно сме на врвот долги години. – изјави Роналдо.

Ќе треба време да почекаме одговор од Меси и да продолжи дебатата околу тоа кој е подобар. Но ние без разлика на полемиките ќе уживаме во нивните игри, потези и голови.

OhridNews