Португалскиот ас Кристијано Роналдо со три погодоци му ја донесе потребната победа на Реал Мадрид против Волфзбург во реванш мечот од четвртфиналето и го лансираше својот во клуб меѓу најдобрите четири во Лигата на Шампиони.


Роналдо мрежата на германците ја погодува во 16-та, 17-та и 77-та минута со што стигна до 16-от гол сезонава во најеминетното натпреварување.

– Секогаш сакам да му помогнам на мојот клуб со голови или асистенции, тоа ми е во крвта. Моите голови се значајни, но секако, морам да ја пофалам екипата која брилираше во текот на целиот натпревар. Победата им ја посветувам на навивачите кои час претходно дојдоа на стадионот. – рече Роналдо по магичниот меч со Волфсбург.

Реал Мадрид со пласманот во 1/2 финалето од ЛШ ја „покри“ лошата сезона која не наговестуваше вакво нешто. – Имаме лоша сезона зад нас. Но, резултатите кои сега ги постигнуваме се сосема различни од оние претходните. Кога на крајот ќе останат само четири екипи секоја може да го освоие трофејот. Во националниот шампионат заостанувавме 12 бода, а сега 4 затоа се е можно до крајот. – додаде Роналдо.

ЛШ: Роналдо ги скроти „волците“, Манчестер го слави Де Брујин (видео)

OhridNews