Принудната пауза во европскиот фудбал поради коронавирусот ќе биде погубна за многу клубови, но не и за Кристијано Роналдо кој од ден во ден е се побогат. Според новите проценки „Бизнис Инсајдер“, заработувачката на Роналдо после официјалното завршување на сезоната ќе се искачи на неверојатни 1 милијарда долари.

Португалската супер ѕвезда цели 18 години е професионален фудбалер со многу богати договори. Единствено, Роналдо „ситно“ заработувал во Спортинг Лисабон каде и започна кариерата. Од Португалија, Роналдо се пресели во Манчестер Јунајтед, каде за краток временски период стана лидер во екипата и беше помеѓу најплатените фудбалери. Потегот на кариерата на Роналдо беше трансферот во Реал Мадрид. Неговиот рејтинг како фудбалер се крена на многу високо ниво и спонзорските договори беа многу богати. После девет години играње во Мадрид, Роналдо замина во Торино засилувајќи го Јувентус. Португгалецот својот бренд го искористи и си придодаде уште неколку спонзори од Италија.

Паралелно, Роналдо има бизнис со хотели во неколку градови ширум Европа и од таму го зголемува своето богатсво. Сепак, неговиот најголем приход е од играњето фудбал и се што е поврзано со спортот.

На Роналдо во клубот спортски милијардер годинава ќе му се приклучат тенискиот маестро Рожер Федерер и големиот ривал од фудбалските терени, Лионел Меси.

OhridNews