Некогашниот најдобар играч во светот, Бразилецот Роналдо (34 г.), или со полно име Роналдо Луис Назарио Да Лима, објави дека ја завршува играчката кариера.


Роналдо со Бразил двапати беше светски првак (1994 и 2002 г.), три пати од ФИФА е прогласуван за најдобар играч на светот (1996, 1997 и 2002 година), со 15 постигнати голови на едно СП е најдобар стрелец во историјата на Мундијалите.

За бразилската репрезентација одигра 97 мечеви и постигна 63 голови. Настапувал за Крузеиро, Ајндховен, Барселона, Интер, Реал, Милан и Коринтијанс.

Ohridnews