И покрај тоа што пред него и неговиот тим е извондредно тешко полуфинале во ЛШ против Барселона, ѕвездата на Реал Кристиано Роналдо, веќе сонува за финале и противникот во него.

Роналдо го напушти Манчестер Јунајтед во 2009 година во трансфер вреден 94 милиони евра и се пресели во Мадрид, каде многу брзо се адаптираше и прерасна во играч број 1 на ’кралевите’. Меѓутоа Роналдо не го заборавил минатото, па посакува да игра во финел со неговиот поранешен клуб.


„Во финале го сакам Манчестер. Ако ме прашате дали би платил за финел Реал – Манчестер, мојот одгово е ДА. Би бил многу среќен ако се случи тоа. Во Манчестер имам многу пријатели и спомени и би сакал да се случи тоа. Таму поминав 6 убави години“, вели Португалецот.

За да му се оствари желбата на Роналдо најпрво неговиот тим треба да ја премине големата препрека во полуфиналето, а тоа е Барселона.

„Меѓутоа финалето е далеку, но следат натпреварите со Барселона. Во моментов ние и тие сме двете најдобри екипи во светот, нашиот двобој со нив ќе го натера целиот свет да гледа ТВ. Се поправивме и мора да веруваме дека можеме да ги поминеме“, додаде Роналдо, кој последното Ел Класико го изгуби со 5:0.

Ohridnews