Фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо по се изгледа ќе биде дел од гала цемонијата на 7 јануари од ФИФА кога се прогласува најдобриот фудбалер во светот.

Португалецот пред месец дена по изјавата на Сеп Блатер во која го поддржа Лионел Меси изјави дека ќе ја бојкотира церемонијата.

Предомислувањето на Роналдо некои го толкуваат дека токму тој ќе биде добитник на „Златната Топка“ за 2013 година.

Конкуренти на португалскиот ас за добивање на наградата се четирикратниот освојувач Лионел Меси и Французинот, Френк Рибери.

Роналдо во 2008 година го доби оваа престижно фудбалско признание, но тогаш беше дел од шампионскиот мозаик на Сер Алекс Фергусон.

Мх.П.