Повредата на коленото на германскиот репрезентативец Сами Кедира го доведе под знак прашалник неговиот настап на Светското првенство во Бразил следната година.
Кедира повредата на коленото ја доби на пријателскиот натпревар со Италија, кој заврши без победник, а неговиот соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо му испрати емотивна порака во која стоеше.
– Кедира ти посакувам брзо опоравување од повредата. Ти си голем борец и сите го очекуваме твоето враќање на теренот. Светското првенство чека на тебе – стои во пораката од Роналдо.
Германскиот интернационалец на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна пред три сезони и веднаш стана незаменлива алка во средината од теренот.
Мх.П.