Со фантастичен погодок во судиското продолжение Кристијано Роналдо израмни на 2-2 на дуелот со Валенсија и го остави Реал Мадрид во игра за титулата.
Пораз во мечот со „лилјаците“ ќе значеше крај на сите надежи за титулата во Ла Лига, но тогаш Португалецот со петта успеа да го совлада голманот на Валенсија. Гостите во два наврати имаа предност, но не можеаја да ги издржат налетите на „кралевите“ кои немаа сила за целосен пресврт.
Резултати : Алмерија – Бетис 3-2, Леванте – Атлетико мадрид, Севилја – Вилјареал 0-0, Реал Мадрид – Валенсија 2-2.
Табела : Атлетико Мадрид 88, Барселона 85, Реал Мадрид 84 (-1), Атлетик Билбао 68…
Мх.П.