Кристијано Роналдо со три погодоци беше најзаслужен за победата на Реал Мадрид против Реал Сосиедад 5-1 пред своите гледачи. „Кралевите“ голем дел од задачата завршија во првиот дел кој им припадна со 4-0. Покрај португалскиот ас мрежата на баскијците ја погодија Бензема и Кедира додека голот за Сосиеадад го постигна Гризман.
Резултати : Реал Мадрид – Реал Сосиедад 5-1, Гетафе – Елче, Атлетик Билбао – Леванте, Селта Виго – Рајо Ваљекано.
Мх.П.