Португалецот Кристијано Роналдо ја испорачал листата на желби до челниците на Манчестер Сити која треба ја исполнат за да се врати во Манчестер, но во синиот дел од градот.


Прво, напаѓачот сака  400 илјади фунти неделна плата. Понатаму, за него да биде резервиран дресот со број 7, капитенската лента и секогаш да биде најплатениот играч во клубот.

Роналдо својата фудбалска афирмација ја стекна во тимот на Манчестер Јунајтед, каде освои еден ФА куп, три пати ја освои Премиер лигата, и по еднаш Лигата на Шампиони и Светското клупско првенство.


Во 2009 година беше продаден на Реал Мадрид за 80 милиони фунти.

Ohridnews